Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски го праќа, Груби тврди дека е пратен, но до Обвинителството не е доставен договорот со „Бехтел и енка“

Ковачевски го праќа, Груби тврди дека е пратен, но до Обвинителството не е доставен договорот со „Бехтел и енка“
Img 7972

За исти договор, Димитар Ковачевски и Артан Груби имаат различно мислење, а во однос на прашањето дали договорот со „Бехтел и Енка“ се крие и од обвинителот кој треба да одлучи дали има злоупотреби. Вицепремиерот Артан Груби пред седум дена кажа дека примерок од договорот со „Бехтел и Енка“ има Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Вчера, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека договорот не е доставен до обвинителот кој отвори предмет. И од Обвинителството потврдуваат – договор не добиле.

dobivaj vesti na viber

„Надлежниот јавен обвинител кој постапува во предметот за кој покажувате интерес, уште од неговото оформување веднаш испрати Барање за доставување на податоци и на договорот до ЈП ‘Државни патишта’, но до овој момент до обвинителството не е доставен одговор од нивна страна“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Макфакс“.

Спротивно тврдење имаше Груби, кој кажа дека примерок е доставен до истражниот орган.

„Договорот со „Бехтел и Енка“ е класифициран и на нивно барање не се објавува, примерок од него има само Јавното обвинителство, бидејќи отвори постапка“, кажа Груби пред седум дена на брифинг со новинарите.

Вчера, тврдењето на Груби го негираше Ковачевски, кој рече дека договрот ќе биде доставен, бидејќи дури сега Владата му дозволила на Јавното претпријатие за државни патишта да го направи тоа.

„Тој договор ќе биде доставен до Јавното обвинителство, па на нивно постапување понатаму да ги испитаат сите наводи кои беа кажани од страна на политички партии, од страна на медиуми, од страна на поединци итн.“, рече Ковачевски.

Договорот го побараа и од Антикорупциската комисија. Претседателката Билјана Ивановска за „Макфакс“ посочи: „Барањето е испратено на 11.04“. Одговор немаат добиено, а Јавното претпријатие има рок во кој треба да го достави.

Договорот помеѓу „Бектел и Енка“ наиде на забелешки и критики од јавноста во однос на обврските кои ги презема Македонија, се до менувањето на закони со кои ќе се удоволи на компанијата што треба да го гради Коридор 8.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села