Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски го чесита денот на ослободувањето на Скопје

Македонија не очекува мигрантски бран од Русија, вели Ковачевски
300x250 opst2

Премиерот, Димитар Ковачевски, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град.

Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, сакам да изразам длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје, и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.

Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје“, порача Ковачевски во честитката.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка