Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Гласот за СДСМ е глас за европската иднина на државата и подобар живот за граѓаните

Na Pretsedatelot Na Sdsm Kovachevski I Pretsedatelot Na Germanskata Sdp Klingbeil 3.jpeg

Гласот за СДСМ, за социјалдемократските политики значи глас за европската иднина на државата, значи глас за подобар живот, по европски стандарди, значи можност децата да ни живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, рече претседателот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес конференција со претседателот на германската СПД, Ларс Клингбеил во седиштето на СДСМ.

-Ова е исклучително важен момент во македонската историја. Ние имаме единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи повторно мрак за државата, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим. Сакам на кратко да заклучам, а верувам и дека мојот германски другар од СПД ќе се сложи, дека гласот за СДСМ, за социјалдемократските политики и заложби, значи глас за европската иднина на државата. Значи глас за подобар живот, по европски стандарди. Значи можност децата да ни живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, рече Ковачевски.  

Токму затоа, верувам, дека нашите граѓани ја препознаваат оваа историска можност за Северна Македонија, во однос на напредокот и членството во ЕУ и ќе дадат поддршка да ја формираме и следната проевропска влада, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути