Утрински Весник
Македонија

Ковачевски ќе одржи предавање на Универзитетот Колумбија

Ковачевски ќе одржи предавање на Универзитетот Колумбија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во 15:00 часот по локално време, односно 21:00 часот по македонско време ќе одржи предавање на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.

dobivaj vesti na viber

„ Предавањето ќе се одржи во рамките на серијата говорници и предавања на Форумот на светски лидери каде досега учествувале над 300 претседатели на држави од 85 земји, меѓу кои и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерката на Норвешка, Солберг, премиерката на Финска, Марин.

Во оваа серија говорници предавања имаат одржано и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, поранешната државна секретарка на Стејт департментот Медлин Олбрајт, поранешниот претседател на Француската Република Никола Саркози, поранешниот генерален секретар на ООН Бан Ки-Мун“ информираат од владинита прес-служба.

Можете да прочитате

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје

Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието