Утрински Весник
Македонија

Ковачевски ќе одговара заедно со неговиот шеф Груби, затоа што потпишаа договор кој ја става Македонија во должничко ропство, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ станува нервозна, по медиумите, на удар се нивните членови и пратеници

Ковачевски да се спрема за одговори пред институциите кога ќе се ослободат за сите криминали кои ги направија, а патишта ниту направија ниту ќе направат, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевски ќе одговара заедно со неговиот шеф Груби, затоа што потпишаа договор кој ја става Македонија во должничко ропство. Ковачевски потпиша договор со кој се обврза на пенали, на аванси и трошоци од над 300 милиони евра, на уште не почната изградба. Ковачевски го злоупотребува европското знаменце за легализација на својот криминал и ја загрозува нашата евроинтеграција. Додека декларативно се залага за ЕУ во позадина прави криминал, ја загрозува нашата ЕУ интеграција и влијае негативно на угледот на Унијата“, дополнуваат од партијата.

Според нив, Ковачевски ќе одговара за сите злоупотреби и за украдената надеж на граѓаните.

Можете да прочитате

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег