Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза, затоа што кога велиме дека градиме европска држава, мислиме на евроинтеграциите, но пред сè на европски квалитет на живот и европски животен стандард за граѓаните, тука дома”, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот увид на градежни работи за рехабилитација на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар, каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.
“Овде на Плетвар, направив увид во градежните работи, и според ова што може да се види, завршува реконструкцијата на делницата Плетвар.
90 проценти од градежните работи на делницата се завршени. Сега се поставуваат сообраќајна сигнализација и банкини. Верувам дека сите овде присутни напорно работат на завршните работи, и затоа ќе си дозволам уште од сега да ве поканам сите вас, на пуштањето во употреба на делницата Плетвар, важна секција во должина од 19 километри која е значајна бидејќи е дел од главниот магистрален пат за цела Пелагонија. Ова е практично е продолжување на новиот експресен пат од Градско до Плетвар”, рече Ковачевски и најави дека за околу месец дена, ќе може да видиме, готов, отворен и функционален пат.
“Оваа делница, но и целиот овој зафат, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над четири милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија.Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот пелагониски регион”, објасни Ковачевски и рече дека ќе продолжи инсистирањето на ефикасност во модернизацијата на инфраструктурата во нашата држава како еден од суштинските услови за нови инвестиции, за нови работни места, за подобар квалитет на живот на граѓаните и за поголема безбедност во сообраќајот, но и за патничко и железничко поврзување какво што доликува на држава којашто ги почна преговорите со Европската Унија.
“Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, што е значително поголема динамика, ако се земе предвид дека во претходниот 10-годишен период биле изградени двојно помалку патишта низ земјата, само околу 650 километри. Сега, активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2”, објасни Ковачевски.
“Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата. Целта за којашто зборувам, но и интензивно работи Владата – е забрзан чекор кон конечно полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. Граѓаните заслужуваат да живеат според европски стандарди и ние, тоа и ќе го овозможиме”, заклучи тој.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај.
“Рехабилитацијата на превојот Плетвар е во завршна фаза и очекувам до крај на овој месец да биде комплетно завршен. Ме радува фактот што силно се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај”, рече Бочварски.
Најави дека во Министерството заедно со ЈП за државни патишта работи и на проектот за проширување на Плетвар на места каде што има само две ленти, да се прошири со уште една трета лента и понатаму на изградба на нов експрсен пат од мостот кај Ленишка река до влезот во Прилеп.
“Она што е уште поважно, децениската потреба на жителите од Пелагонијата, изградбата на автопат од Прилеп до Битола е приоритетен и тој проект е се поблиску до реализација. Очекувам веќе наредната година, по завршување со преговорите со компанијата изведувач, да започнеме со проектирање и изградба и на оваа автопатска делница. Сите знаеме колку е значајна Пелагонија и од аспект на економскиот развој на регионот и на државата така и од аспект со регионалното поврзување. Овој дел од Коридрот 10-Д ќе го заокружиме со изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија со границата на Грција”, рече Бочварски.
Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека патниот правец од Градско кон Прилеп е еден од пофреквентните правци.