Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со нејзините загуби

Ковачевски: Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со нејзините загуби

Премиерот Ковачевски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, присуствуваше и се обрати на настан по повод почетокот на изградба на пречистителна станица во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Со изградбата на пречистителната станица, каде што со современи стандарди и современа технологија ќе се преработува водата за пиење, Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со нејзините загуби.

„Една работа што знам дека сигурно ги засега сите граѓани, секако, е како ќе ја поминеме зимата. И тука во Делчево, но и во државата. Секако, ние како Влада и јас како премиер напорно работиме, јас лично се заложив и реков дека оваа зима никој нема да остане сам да се справува со кризата и дека нема да треба да избира помеѓу струја и храна. Буквално никој, и тоа со мерките што ги носиме на Владата се остварува.

Тука доаѓам по вчерашната седница на Владата, на која донесовме одлуки со кои обезбедуваме поевтина струја од 80 евра за мегават/час за компаниите што вршат производство на основните прехранбени производи. Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи: лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото и живината, пекарските производи, брашното, млекото и млечните производи, месната и живинарската индустрија, ќе се стабилизираат. Веќе беше јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваква одлука цените би требало да се намалат најмалку 10 %.

Во оваа тешка криза им помагаме и на основните и на средните јавни училишта. И тука во Делчево и во земјата. За нив обезбедуваме поевтина електрична енергија за цена од 95 евра за мегават/час. Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ за цена од 95 евра за мегават-час обезбедуваме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води“, изјави Ковачевски.

За да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Ковачевски рече дека Владата донела одлука со која на сите општини и на Град Скопје им се забранува да основаат ЈП, ДОО или АД за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветление.

Можете да прочитате

Локализирани поголем дел од пожарите во Куманово и Старо Нагоричане

Трамп на лекарски преглед поради отечени нозе и модринки на раката

Трамп на лекарски преглед поради отечени нозе и модринки на раката