Утрински Весник
Македонија

Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување и следење на граѓаните, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да не глуми паднат од Марс, префрлајќи ја вината на обвинителство без да побара оставка од Мерко, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

„Една недела ЈО молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување и следење на граѓаните и се впуштил во ново криминално дејание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тие додаваат:

„Една недела обвинителството на СДС и ДУИ молчи за скандалот со шпионски софтвер Предатор кој има за цел прислушкување на граѓаните.

Една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионски софтвер Предатор.

Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер предатор во Скопје.

Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност.

Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт.

Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД.

И шефот на грчкото разузнавање јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Макееонија.

И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание?

Ковачевски и СДС мора да одговорат пред цела македонска јавност, која е целта за шпионскиот софтвер во Македонија?

ЈО веднаш да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушкуваат?

Ковачевски и владата ќе одговараат за злосторничко здружување против безбедноста и приватноста на граѓаните“.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово