Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Да не дозволиме огништето да ни остане празно – да бидеме интегрирани, а не изолирани

Ковачевски: Да не дозволиме огништето да ни остане празно – да бидеме интегрирани, а не изолирани

Со интонирање на македонската химна на скопското Кале почна чествувањето на 2 Август – Денот на Републиката, каде свое обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Премиерот во говорот пред присутните гости  се осврна на државничките битки и одлуки што во минатото од Илинден па до денес биле донесени, но и на оние кои допрва треба да се носат, со цел, како што рече, државата да оди напред  кон интеграција, а не кон изолација.

„Денес сме 30-та полноправна членка на НАТО, со перспективи за членство во ЕУ. Пред Републиката стои нова одлука. Потребно е да се свртиме кон аманетот на Илинденците и Асновците. Некои велеле дека востанието било предвремено, но денес на нивната битка се гледа како на неминовна и неопходна, благодарение на која ние имаме држава. Знаеме дека вредел секој чекор и не мотивираат да одиме напред“, рече Ковачевски.

Премиерот направи паралела дека порано битките се воделе на бојното, а денес на дипломатското поле.

„Постапивме по аманетот. Правата се штитат на рамноправен терен, седнати на иста маса со светските сили. Сите што носат одлуки треба да постапат по истиот аманет. Дали ќе градиме држава интегрирана или ќе останеме сами и изолорани. Секој кој сака да се повикува на патриотизмот треба да погледне длабоко во себе и пред себе“, рече премиерот.

Додаде дека огништето значи среќни и мотивирани луѓе, а сонот да се живее во европска држава, треба да се оствари тука во родната земја. Огништето треба да го сочуваме, да не се случи да остане празно, рече премиерот. Вели дека низ годините будно ја чувавме нашата мултиетничка држава која е препознаена како мултиетничка демократија.

„По Илинден и АСНОМ имаме обрврска да носиме одлуки што прават пат напред за идните генерации. Да си ја сакаш државата значи да се избориш за перспективите. Така е добиена битката за своја држава, јазик, идентитет. Обединети ја добивме битката за НАТО, можеме и за ЕУ. Со чекори напред, не со чекори назад. Не со страв, туку со одлучност“, рече Ковачевски.

Заклучи дека иднината зависи од изборот што го правиме денес, а изборот не треба да бидат предрасудите.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни