Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Агелер: Корупцијата го кочи напредокот на државата и влијае врз забавувањето на економскиот раст

Ковачевски-Агелер: Корупцијата го кочи напредокот на државата и влијае врз забавувањето на економскиот раст

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

dobivaj vesti na viber

На средбата се потврди долгогодишното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Амбасадорката на САД, Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси на државата со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните, соопштија од владиниот кабинет.

„На состанокот се разговараше и за конкретните чекори кои државата ги презема во борбата со корупцијата. Амбасадорката на САД, Агелер потенцираше дека намалувањето на корупцијата влијае врз развојот на државава во сите сфери. Според неа, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст“, е наведено во владиното соопштение.

Премиерот Ковачевски посочи дека судството и обвинителството треба да функционираат независно, а случаите на коруптивни пракси треба да се пријавуваат.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје