Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет

Ковачевски: Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет

Премиерот Димитар Ковачевски изрази поддршка ЕУ да испрати оценска мисија за работата на Судскиот совет.

dobivaj vesti na viber

Прашан за став, по најавата на евроамбасадорот Гир, Ковачевски кажа дека не е првпат да има оценска мисија од ЕУ,  а за тоа со евроамбасадорот Гир разговарале и пред една година.

„Нашиот судски систем е независен од Владата. На почетокот судиите беа бирании во Парламентот, а сега имаме решение во кое судиите имаат доживотен мандат и се бираат од Судскиот совет како нзеависно стручно тело кое има свој интегритет. Оценката за нив повторно ја даваат судиите од Судскиот совет. Тоа е едно тело кое само се бира, само се оценува и дава анализа што направило. Сметав дека такви системи често имаат друга слика за себе од онаа што има јавноста“, рече Ковачевски.

Добро е, вели тој, што во рамки на соработката со ЕУ, сега ќе можат да орагнизираат процес и да ги проверат сите информации за Судскиот совет и да ги споделат од Европската Комисија. Добро е и што потоа ќе бидат предложени соодветни реформи што ќе ја унапредат работата, смета премиерот.

Евроамбасадорот Дејвид Гир претходно најави дека ЕУ испраќа оценска мисија во земјава скандалите во Судскиот совет. Гир појасни дека се работи за советодавна група, а она што се случувало во изминатиот период е загрижувачки.

Можете да прочитате

Лажна СМС порака од Пошта остави гостиварец без 1500 евра

Забрчанец: Интернетот и ВИ се инфраструктура за критичка мисла, не само за забава

Покренато обвинение за маж и жена кои Саитов го пренеле преку граница