Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: 30 години Северна Македонија во ОН – во фокус почитување на човековите права, демократија и економски развој

Ковачевски: 30 години Северна Македонија во ОН – во фокус почитување на човековите права, демократија и економски развој

Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на работната посета на Њујорк, синоќа се обрати на приемот во седиштето на Обединетите нации по повод 30 години од членството на Република Северна Македонија во ОН.

dobivaj vesti na viber

„Триесет години може да се многу значајни во животот на еден човек, додека истовремено за една држава, а камоли за историјата, да немаат толкаво значење. 8 април 1993 година секогаш ќе остане запаметен како еден од најзначајните датуми во нашата историја. Ние исполнивме долгогодишен сон на генерации Македонци, за слободна, суверена, независна и демократска држава, цврсто закотвени во семејството на нации“, истакна Ковачевски.

Денес со нас, додаде премиерот, ја имаме помладата генерација на министри и дипломати. „Министерот Османи кој покажа висок степен на фокус и знаење во текот на нашите преговори со ЕУ и со соседна Бугарија изминатата година. Амбасадорот Попов, кој е од новата генерација, но искусен дипломат и со таков тип на дипломати и министри, сигурен сум дека ќе продолжиме на патот на успешна дипломатија кој го практикуваме од првиот ден на нашата независност.

Потпишаните Охридски договор, Преспански договор како и Договорот за добрососедство, се потврда на постојаната посветеност да се поплочи патот за тековен и иден развој на земјата кон отворен дијалог. Нашата земја, Северна Македонија, има посебен бренд на дипломатија покажан преку конструктивен дијалог, за да се решат отворените прашања. А сите овие прашања беа идентитетски. Ако има место на светот каде што постои доказ дека дипломатијата функционира за решавањето идентитетски прашања, тогаш тоа е Северна Македонија“, потсети тој.

Дополни дека пред 30 години и денес, нашите амбиции сè уште се исти. „Почит за човековите права и фундаменталните слободи, демократијата и економски развој и решавање на заеднички прашања што ја засегаат нашата планета“, истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм