
Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски објави на својот фејсбук-профил дека, по 30 години ветување, проектот река Серава е завршен.
Денес е еден од најубавите денови, ден за еден од најголемите проекти кои што се реализираа во општина Бутел!, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
Проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел станува реалност и во целост завршен.
Го реализиравме едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел!
Изградивме речно корито во должина од 1800 метри, трим патека и нова урбана опрема.
Се направи и парк на површина од 5000 метри квадратни со што целиот простор е оплеменет со зеленило!
Вложивме 65 милиони денари во уредување на речното корито и изградба на трим патека!
Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортуваме и ќе рекреираме на овој кеј!
Ветувањата ги реализираме!, пишува во својата објава Костовски.