Утрински Весник
Македонија

Костовски: Целосно да се расчисти скандалот со тепањето полицаец и спречување акција против дрога од страна на обезбедувањето на Мицкоски

Kostovski.jpg

Интегрален текст од изјава за медиуми на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ:

Почитувани,

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен.

Најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинска насока.

Но, надлежните институции имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

МВР мора да одговори на прашањето за  улогата на Мицкоски? 

Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување.

Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата.

Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин.

Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога.

Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.

Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?

Затоа овој случај мора целоснo да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Можете да прочитате

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово