Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Костовски: Бутел ќе добие два нови паркови и пет нови спортски рекреативни центри

Kostovski 3.jpg
Img 7972

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека ресурсите на општината се насочени на детските игралишта, јавните површини, локалните училишта, социјалната помош за ранливите категории.

„Ги насочуваме ресурсите таму каде што најмногу се чувствува потребата, детските игралишта, јавните површини, локалните училишта, социјалната помош за ранливите категории, детските градинки, грижата за здравјето на граѓаните, и секако спортот“ истакна Костовски.


Тој наброи дел од реализираните проекти во општината.

„Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, училиште во Визбегово, плоштад, мега парк во Радишани, корито и уредена трим патека на Серава, 102 улици од кои голем број клучни сообраќајници, пет спортско рекреативни центри, 13 спортски терени, 10 детски игралишта, во образованието вложивме 215 милиони денари, во спортот направивме покрај клубовите, општината стипендира 400 спортисти“, рече Костовски.

Костовски исто така потенцираше дека тендерот за изградбата на поликлиниката е веќе распишан и наброи дел од проектите на изборната програма.

„Овие проекти се ветувани повеќе од 30 години, овие средства не беа ниту од кредит ниту од општината, туку директно негова заложба. Ви благодарам претседателе, тоа е историската поликлиника за којашто распишавме тендер и ќе се наоѓа на местото на старата амбуланта. Вториот проект е децениското барање за жителите од Љубанци да добијат нормална вода за пиење за нивните деца, и тој проект е реален. Ќе изградиме два нови мега паркови, нов културен дом, две нови училишта во Љубанци и Љуботен, три нови градинки во Радишани, Бутел и Визбегово и пет нови спортско рекреативни центри и многу други проекти“, посочи Костовски.

Можете да прочитате

Стевчо Јакимовски најавува победа во првиот круг во Карпош

Интервју со Јаневски: Нудам натпартиска платформа за модерно Ѓорче со нов училишен центар и нова сообраќајница кон Даме Груев

СоопштенијаМицевски: Сопиште ќе добие нов резервоар за вода