Утрински Весник
Македонија

Костова: Владата на ВМРО ДПМНЕ е директно одговорна за труењето на луѓе во Трубарево и околината

Kristina sdsm 360.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Кристина Костова нагласи дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ е директно одговорна за труењето на луѓе во Трубарево и околината. Во објавата на социјалните медиуми, Косотова укажа дека власта лажеше дека воздухот само изгледал загаден, не било алармантно, не искомуницираа со јавноста, не направија евакуација на луѓето.


„Според официјалните податоци, има речиси дванаесетпати повеќе од дозволеното присуство на кадмиум, како и зголемени вредности на арсен и олово. Но, власта ги криеше овие податоци од јавноста. И тука е очигледен контрастот меѓу нив и нас. Каква и да била кризата, одговорно сме излегувале и сме информирале, сме се обидувале некако да се справиме со последиците.

ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да менаџираат постоечка криза, туку целосно да ја сокријат, да се преправаат дека не постојат проблеми. Тоа е на штета на целото граѓанство. Ама, не изненадува. Кај нив концептот на одговорност за колективот не постои. Не можеме да очекуваме од луѓето кои се криеја зад „отсјај” додека не почитуваа мерки за спречување на ширење на пандемиски вирус, дека сега одеднаш ќе им е гајле за колективното здравје -никогаш не им било”, посочи Костова.

Можете да прочитате

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

Зајкова: Оставки од сите што молчеа додека градот се труеше

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време