Утрински Весник
Македонија

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Kristina kostova sdsm.jpg

Соопштение на СДСМ:

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, најостро го осуди денешниот инцидент на стадионот „Бело Брдо” во Штип, во кој беа нападнати младински спортисти на фудбалски натпревар.


„Додека Панче Тошковски му тера кампања на Орце Ѓоргиевски, на нас штипјани денеска децата ни ги сокршија од ќотек на стадионот Бело Брдо. Нов ден, нов крах на безбедноста под водство на најнеспособниот министер за внатрешни работи во историјата на самостојна Македонија! 

Најостра осуда за денешниот инцидент на натпреварот меѓу младинските екипи на „Брегалница” и „Шкупи”! Додека Тошковски се слика, младите спортисти немаат минимум безбедност, ниту можност за непречено спроведување на обичен фудбалски натпревар. 

Ништо од големите ветувања на ДПМНЕ и Мицкоски.  Кога среде Штип ни ги сокршија децата од ќотек, што останало за безбедноста на ниво на цела држава. Со ваква партизирана полиција, водена само за остварување на тесните интереси на неколкутемина дпмне-вски челници и нивни соработници од подземјето, безбедноста ја снема од македонската реалност.

 И по кој знае кој пат бараме оставка од Тошковски! Тоа е најмалку што може да го направи.” стои во објавата на Костова.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Доаѓа нов Африкански топол бран!

Премиерот: ДУИ кога беа на власт имаше многу криминал, корупција и неспособност

Не се само два потписи, има и други обврски за независните, вели Борис Кондарко