Утрински Весник
Македонија

Костова по одлуката на Ралев: Интегритетот е бесценет, но сè поредок

Kristina sdsm 360.jpg
Dik 300x250 mk

По одлуката на Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

„Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој до неодамна важеше за гласен критичар на градежната политика на ВМРО-ДПМНЕ, а сега застана токму зад нивниот кандидат.


Костова нагласува дека „ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок“, алудирајќи на потребата за колективна одговорност и вредносна доследност. Таа ги осуди, како што ги нарече, „каприциозните мегаломански очекувања“ на поединци, кои, според неа, ги прегазуваат човечките и професионалните принципи.

„Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки. Ставовите и позициите се кристализирани“, додава Костова, алудирајќи дека преминот на Ралев само ја зацврстува одлуката на СДСМ да настапи со Каја Шукова како кандидатка за Скопје.

На крајот од својот коментар, таа упати јасен повик: „Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.“

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање