Утрински Весник
Македонија

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин

Image 2025 11 17 102053752.png

По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до граѓаните и ги повика на лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината.

-По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени, порача Костадиновски.


Тој нагласи дека изградбата на правна држава денес претставува чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената земја, како и најсигурен начин да се зачува заветот на предците и да се обезбеди иднина за наследниците во слободна, демократска и просперитетна држава.

-Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината, нагласи претседателот на Уставен суд.

Можете да прочитате

Гусар за случајот на Ивана и Катја: Жртвите „врескале“ за помош, насилникот не бил „непознат“ за МВР, но никој не мрднал со прст!

Кога има пријави со месеци, а нема реакција – нешто стои зад тоа вели Гусар

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026