Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Социјалдемократите се гарант на македонскиот идентитет

Костадиновска-Стојчевска: Социјалдемократите се гарант на македонскиот идентитет

На дискусијата со младите социјалдемократи на тема социјалдемократијата и европското поглавје, која се одржа во рамки на летниот камп на СДММ, „Д-р. Трајче Нешковски“, потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека младите се гарант за зачувувањето на македонскиот идентитет и чувари на вредностите и постигнатите резултати.

dobivaj vesti na viber

– На младите им останува да ги чуваат вредностите кои ги негуваме и со кои постигнавме многу резултати токму за нив и за нивната иднина. Тоа се социјалдемократските вредности, кои во својата основа ги имаат и европските, врз кои ќе продолжиме да ги креираме политиките кои овозможуваат младите да имаат се подобар и подобар живот, образование и можности за мобилност, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека за СДСМ се поврзуваат бројни успеси на меѓународен план и дека тоа е партијата кој е сојузник на младите затоа што е сојузник на мирот, стабилноста, економскиот и демократскиот просперитет, како и на усвојувањето на европските и евроатлантските вредности, за подобрување на условите за животот на македонските граѓани.

– Секогаш сме бирале да одиме напред и да гледаме кон иднината, наместо да се навраќаме на минатото. Оваа генерација политичари имаат можност да надоместат тоа што не успеале претходни генерации за нас, за сега да не решаваме отворени прашања. Наша обврска денес е да не ја направиме истата грешка и да за вас, младите, да ви обезбедиме европска иднина и да го исполниме деценискиот сон на многу генерации, додаде потпретседателката Костадиновска – Стојчевска.

Таа рече дека младите се сила на промена и напредок и им порача да бидат гласни и да работат на себе, на знаењето и да ги користат можностите кои им ги нуди процесот на преговори со ЕУ за образование и кариерен напредок и на тој начин да придонесат во развојот државата.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!