Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Со чување и унапредување на македонскиот јазик, го чуваме нашиот дом и идентитет

Костадиновска-Стојчевска: Со чување и унапредување на македонскиот јазик, го чуваме нашиот дом и идентитет

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Националната опера и балет учествуваше на панел-дискусијата по повод одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

Честитајќи го овој значаен ден, Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност до сите оние што, како што рече, „македонскиот јазик го чуваа, го надградуваа, го негуваа, го зборуваа и ни го пренесоа како аманет, како тестамент“.

„Ни македонскиот ни кој било друг јазик не е создаден како оружје. Јазикот е бедем, јазикот е идентитет, јазикот никогаш не нè оставил сами. Кога ќе ја разбереме моќта на зборот , тогаш сме ја разбрале и силината на јазикот. Нема грд јазик. Има само агресивни соговорници кои посегнуваат по јазикот со сето непочитување, најнапред, кон сопствениот јазик. Тој вербален истрел не е дострел“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура потсети дека Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик влегува во собраниска процедура и потенцира дека тој е одговор на новите предизвици кои бараат зголемена, организирана и системска грижа на државата за правилна употреба на сопствениот, македонски јазик и на неговото кирилско писмо.

„Со чување и унапредување на македонскиот јазик, го чуваме нашиот дом и идентитет“, додава таа.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче за дистанцирање од ДУИ и Груби

СДСМ: „Кошничките” на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните

Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација