Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска од Крушево: Продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година

Костадиновска-Стојчевска од Крушево: Продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечерва на Гумење во Крушево, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

dobivaj vesti na viber

На отворањето на манифестацијата на која се обрати претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република порача – „Крушево одново сведочи на нашиот копнеж, на нашата битка до последен за слобода, на нашиот глас до светот дека ние Македонците сме жедни за своја Татковина и дека и ние Македоците имаме право на неа. Под бајракот на скапо платената слобода, продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нашите илинденци, нашите партизани се најсветиот дел од нашата историја, од нашиот идентитет“, рече Костадиновска -Стојчевска од Крушево .

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево за присутните реализираше богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.

Можете да прочитате

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија