Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Крушевчани можат да бидат задоволни што за свој градоначалник го имаат Томе Христовски

Костадиновска-Стојчевска: Крушевчани можат да бидат задоволни што за свој градоначалник го имаат Томе Христовски

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска  беше во Крушево како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“

dobivaj vesti na viber

Костадиновска Стојчевска истакна дека граѓаните на Крушево можат да бидат задоволни што за свој градоначалник го имаат Томе Христовски човек кој навистина работи за сите граѓаните и ги реализира проектите наведени во Програмата.

– ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од граѓаните во над 40 општини. Што гледаме во тие општини што ги води ВМРО-ДПМНЕ? Нема ниту еден реализиран проект, стагнација, задолжувања и нови поголеми сметки за граѓаните. Не е примерот само во Скопје, така е и во Битола, во Прилеп, насекаде. Ништо друго. ВМРО ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во историјата на земјата, ја изневерија доврбата на граѓаните и тоа е секогаш така кога се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во прашање, едно зборуваат во кампања друго прават. За разлика од нив, Крушево е пример како се работи одговорно, како се реализираат проектите коишто се ветени, гледаме раст и развој и тоа е одлика на СДСМ, рече Стојчевска.

– Посветено, одговорно и домаќински, тоа е односот на СДСМ кон граѓаните и државата. Со нашите државнички одлуки го развиваме секое населено место, ги реализираме стратешките цели. Станавме членка на НАТО, водиме проговори за членство во ЕУ и ја обезбедуваме иднината на државата. Сето тоа носи придобивки и за граѓаните, носи зголемени странски инвестиции, пристап до нови европски фондови и повеќе пари во македонската економија. Затоа заедно со вас, продолжуваме по европскиот пат, истакна потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Можете да прочитате

Николоски учествува на висок министерски форум во Истанбул

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Викендов сончево и малку посвежо време