Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска и Битиќи на увид во реновирањето на просторот на Националниот џез оркестар

20240313170414 big 730x400 52.webp.webp

Министерката за култура во техничката Влада Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на ТАВ констракшнс, Фатин Кан и претставници на Националниот џез оркестар, денеска ќе извршат увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на Националниот џез оркестар.

Адаптацијата на просторот е овозможена со средства од ТАВ програмата и дел од Министерството за култура од каде што е обезбеден и проектот за реновирање.

Просториите со одлука на Владата беа доделени на трајно користење на Националниот џез оркестар. Просториите се наоѓаат во подрумскиот дел на Националната опера и балет (стара Килимара).

Можете да прочитате

„Каде е мојата сопруга?“ – Дејан Јанков започна штрајк со глад по исчезнувањето на Злата

„Никогаш нема да ги заборавам“ – Гитаристот на ДНК со благодарност до персоналот од солунската болница

Вечерва 19 часот специјално отворено студио на 4TV од Кочани