Со изведба на “Во борба”, “Партинзански марш”, “Марика”, “Девојченце црно ле око” “Невесто црвен трендафил” и македонската химна „Денес над Македонија“, камерниот оркестар на Битола и младинскиот хор на КУД „Стив Наумов“ го одбележаа Денот на народното востание на македонскиот народ под мотото 11 октомври во срцата, денеска во Градски Парк во Битола во организација на Министерство за култура. На настанот присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година како и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола Стефан Бошков заедно со раководството.
„ Во нашата татковина, постојат споменици кои симболизираат урни на паднатие борци, но сеќавањата кои ги правиме по овој повод се најголемата урна, најубавата, која го симболизира вечниот пламен на слободата. Зошто тие храбри жени и мажи никогаш не смеат да бидат заборавени, истакна министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.
Претседателот на Сојузот на борци Бошков потенцираше дека основањето на организацијата ималоза цел организирање и зачленување на учесниците од НОВ, борба против остатоците од фашизмот, грижа за придобивките од НОВ, чување и развивање на традициите, водење на грижа за преживеаните борци, за родителите и децата на паднатите борци, за инвалидите од борбата и слично.
„ Ќе продолжиме и понатаму да градиме споменици. Во тек се активности за поставување на две бисти и реконструкција на партизанските гробишта. Денес, битолската организација на СБМ е современа и модерна, невладина и непартиска општинска организација, најактивна и најорганизирана во целата република и мора така да биде заради тоа што такво наследство ни оставија нашите претходници. , рече пред присутните Бошков.
Пред присутните во градскиот парк во Битола беа доделени и награди за 11 октомврискиот училишен конкурс за лична поезија по повод 75 години Сојуз на борци во основните училишта во Битола насловен како ,,Пламенот наш Октомвриски вечно гори”.
На 26декември 1947 година во Битола е основана Општинската организација на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и годинава ја одбележуваат 75-годишнината од основањето. За прв претседал бил избран Аце Ристевски, а понатаму претседатели биле Вангел Нечевски-Тунело, Јани Јовановски, Цане Павловски, Благој Иљовски, Мишко Божиновски, Дојчин Апчевски, Пецо Гудовски, Кицо Најдовски, Јорго Ристевски-Манџуро, Александар Милевски, Гавро Пановски, Илија Малевски, Александар Трајковски и Стефан Бошков.