Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна, нека не остави нас да го завршиме базенот во Струмица

Kostadinov.jpg

Со огромно жалење морам да констатирам дека оваа Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ граѓаните ги дели на свои и туѓи, рече денеска на прес конференција струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Очигледно, додава тој, душманскиот пристап со Струмица и струмичани расте и се интензивира веројатно од некаква нивна помисла дека на тој начин ќе можат да ќарат некакви политички поени, но реалноста е сосема друга.


„Денеска сме пред најавуваниот затворен школски базен којшто веќе требаше да биде изграден во Струмица, почнат од претходната Влада, но гледаме дека истиот е обраснат со трева и нема никакви активности. Инаетот оди до таму да власта од ВМРО ДПМНЕ дури нема чувство за грижа кон дечињата во Струмица коишто овде треба да имаат часови по пливање.

Навистина жалам што локалните авторитети, пратеници од ВМРО ДПМНЕ не преземаат ништо во однос на свесно закочените проекти во општина Струмица, оти примерот не е само со затворениот базен, исто таков пример имаме и со регионалниот пат А4 Струмица – Дабиле каде што веќе дефинитивно ни стана јасно дека свесно ги кочат експропријациите со што не можат ниту нашиот изведувач, ниту изведувачот на ЈПДП, ниту ЕВН да влезат и да си ја завршат работата за проекти за кои ние сакаме да ги реализираме.

Да не излезе дека само се жалиме и ја кудиме власта на ВМРО ДПМНЕ, очигледна е неспособноста и очигледен е инаетот којшто го водат со Струмица, еве денеска давам предлог нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим, и Советот на општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица“ порача Костадинов

Можете да прочитате

Австриската министерка за надворешни работи доаѓа во Скопје

Крешник Бектеши оди во куќен притвор

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади