Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Img 2307.jpeg

Поранешниот градоначалник на Општина Струмица и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, се огласи по денешната одлука на раководството на партијата, оценувајќи ја како „движење напред“.

Костадинов, кој моментално има статус на замрзнат член, истакна дека во минатото дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласи дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата.

„Како замрзнат член, сметам дека иако дел од претходните одлуки на раководството на мојата СДСМ беа исклучително нетактични, денешниот чекор е движење напред. Ова е одлука што треба да се поздрави, затоа што отвора простор за вистинска промена“, напиша Костадинов.

Неговиот став доаѓа во период кога СДСМ се соочува со внатрепартиски преиспитувања и очекувања за реформи, а јавноста го толкува како порака за можно зацврстување на демократските процеси во рамки на партијата.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов