Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Продолжуваме храбро и жестоко против фотељашите

Kosta Kostadinov 850x560 1.jpg

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави реакција на прес конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој вината за немањето питка вода во Струмица ја насочи кон струмичкиот градоначалник, Општина Струмица и „Комуналец“.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

-Кога видоа дека не можат да не разбијат локално, се собраа 6 институции да го рушат Костадинов.Искрено очекував дека денеска ќе се понуди решение за проблемот на брана Турија и ситуацијата со водата во брана Турија, наместо тоа тие со нов напад кон мене!

Драга Струмицо, правам се што е возможно да ги донесам неспособниот министер да седне на маса и да даде одговор што понатаму, тој излезе на прес конференција во која секој втор збор е Костадинов.Зошто министре се плашиш од Костадинов?Зошто не излезе со анализи и бројки за водата.100 дена нов министер за Земјоделство Водостопанство Шумарство, 100 дена изговори и бегање од одговорност.Оваа војна против мене драги институции ќе ја изгубите, оти ова не е војна со Коста Костадинов, ова е војна против Струмица.

Ако некој досега имаше дилеми дали ќе се повлечам, еве го одговорот: Така мотивиран да се спротивставам на неправдата, на фашистичкиот наратив на мин. за земјоделство, на одредени локални транзициски профитери вгнездени во светото вмро, свесно злоупотребувајки го и дпмне, не сум бил никогаш. Ова е мотив и силен порив за мене и мојот тим, од прв до последен, заедно со секој еден разумен, рационален човек, да се борам за СЛОБОДНА Струмица !Борба до последна капка крв!Продолжуваме одлучно, храбро и жестоко против фотељашите

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени