Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Пендаровски покажа дека има капацитет да обединува, очекувам да се повтори резултатот од претседателските избори од 2019 година

Kostadinov.jpeg

Градоначалникот на Струмица и член на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Костадинов истакна дека актуелниот претседател Стево Пендаровски низ своето дејствување покажал дека е претседател кој обединува и затоа успева да придобие гласови од сите заедници.

„Стево Пендаровски во неговиот мандатот покажа дека има капацитет да придобие гласови од албанскиот електорат и од страна на македонскиот електорат и од страна на сите други заедници коишто функционираат во државата. Затоа, не гледам причина зошто Стево Пендаровски не ја добие потребната поддршка од коалиционите партнери и генерално од целото мнозинство“ изјави Костадинов на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Костадинов изрази уверување дека на претстојните претседателски избори ќе се повтори резултатот од изборите во 2019 година, односно дека Пендаровски повторно ќе биде победник.

„Јас очекувам дека ќе се повтори сценариото од претходните претседателски избори каде нормално победа ќе издвои кандидатот на СДСМ“, оцени Костадинов.

Можете да прочитате

Јаневска: Без силен придонес од високото образование, не може да се решат главните предизвици на современите општества

Силјановска Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи” на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи