Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Ова не е обичен пораз, туку тешка брука

Gradonacalnikkostadiniv.jpg
Dik 300x250 mk

По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција, пишува екс струмичкиот градоначалник Костадин Костадин по вчершниот пораз на неговата партија во Струмица.

„Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ.


Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството.

СДСМ е четврта политичка сила, СДСМ не влезе во втор круг во Скопје.

Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.

Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема.

Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес.

Mора да се седне на маса. За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице. Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ“ пишува Костадинов.

Можете да прочитате

Продолжи судењето за закланите коњи во ЗОО кои се користеле за храна: Месото било уништено во „Дрисла“

Речиси 50.000 неважечки ливчиња на вчерашните избори

Биљана Ивановска: Освоивме 4.465 гласа со само 1500 евра донација од ЕУ