Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Општина Струмица и „Комуналец“ интензивно го решаваат проблемот со водата

1731cb52 0a16 403b 9e85 5d48e632c6c4.jpg

Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец” во овој период интензивно го решаваат проблемот со чистата вода за пиење заради загаденост на техничката вода од браната Турија со којашто стопанисува АД „Водостопанство”, но истовремено и сериозно работат и во делот за управување со отпадот, се наведува во соопштение на општина Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и менаџерскиот тим на ЈПКД „Комуналец” денеска разговараа на оваа тема по обезбедувањето на новите канти и контејнери за отпад.

-Денеска во „Комуналец” се доставени 1212 канти за домаќинство со што на дел од домаќинствата во Струмица им доделуваме трета канта за селектирање на отпад, знаете лани доделивме втора за селекција на пластика и лименка, сега додаваме уште една, дополнително преку министерството за животна средина обезбедуваме 50 контејнери со капацитет од еден метар кубен и дополнително имаме нови полуподземни контејнери со што бројката на полуподземни контејнери со капацитет од 5 метри кубни отпад е 27 и ја подига Струмица во однос на капацитетот за подобро менаџирање со отпадот. Ова на сите нам како граѓани треба да ни биде порака дека како Општина и „Комуналец” ќе сториме се за да овозможиме управување и менаџирање со отпадот, но нас, како граѓани, ни останува тоа да го штитиме, рече градоначалникот Костадинов.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор