Утрински Весник
Македонија

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо

Kostadinovkosta.jpg

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика потенцијалните кандидати, но и актуелно функционери на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица на дебатно соочување.

„Гледам многу испаничени во ДПМНЕ. Веројатно боли кога се нема компас и изгубена идеолошка матрица. Ама ако нека им е простено. ВМРО-ДПМНЕ: ако имате храброст – излезете. Соберете се сите – потенцијални кандидати за градоначалници, пратеници од Струмица, Членови на извршен комитет од Струмица.


А јас доаѓам сам. Дебата, во живо каде сакате и кога сакате. Без однапред договорени прашања. Јас ќе одговарам. И ќе прашувам. Нема AI. Нема брифови. Само вистина. Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“, напиша тој

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час