Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Егзит останува во Струмица

545233423 1274440598027810 1952816161766166099 n.jpg

Посетеноста од околу 20.000 луѓе зборува за успех и за континуитет, а „Get EXITed“ е настан под чадорот на EXIT и целосната организација е на фондацијата, порача струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

„Во голема мера тоа ќе зависи од комуникацијата со новата општинска власт,“ додава Костадинов, оставајќи ја вратата отворена за надградба, а не за замена.


Овој 7 септември, „Get EXITed“ ја донесе комбинацијата на Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и „Инструктори“, Александра Јанева и БДМ, а градот повторно беше преполн со гости од Бугарија, Грција, Србија и од цела Македонија. Истата ноќ стигна и нова искра во политичко-културната дебата: покана од кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, „Егзит“ да ја разгледа престолнината како нова дестинација.

Од јавните комуникации на организаторите на ЕГЗИТ станува јасно дека Скопје не е финално потврден како нова дестинација за ЕГЗИТ, туку дека дека биле поканети од кандидатот Ѓорѓиевски “ЕГЗИТ тимот да ја разгледа македонската престолнина како нова дестинација на големата Егзитова светска турнеја за следната година” и дека биле подготвени да работат на реализација на таа идеја следната година.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци