Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово била испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово.
Косовската полиција најави дека во наредните денови ќе го зголеми присуството на север поради зголемените инциденти во тој регион каде живее мнозинската српска заедница.
„Се работи само за полицијата, не за која било друга единица“, изјави тој за РСЕ.
Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља на Фејсбук напиша дека полицијата има задача да обезбеди безбедност, да го гарантира редот и владеењето на правото.
„Последниве денови, по последователните вооружени напади врз полицајци и граѓани на северот на земјата, неопходно е да се зголеми присуството на полицијата за да се обезбедат сите граѓани“, посочи Свечља.
Бараме од сите граѓани да останат смирени и да соработуваат со косовската полиција, која се залага за ред и безбедност“, рече министерот.
Повеќе од 200 вооружени специјални сили на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва влегле во Митровица од Јужна Митровица, објави претходно порталот Косово онлајн.
Како што се наведува, тие го блокирале северниот дел на Митровица, а биле фрлени и две шок бомби, наводно, за да се обезбеди безбедност, јави репортерот на тој портал.