Утрински Весник
Македонија

Косово ги екстрадира Красниќи и Рамадани во Македонија

Zatvorr.png

Агим Красниќи и Сехат Рамадани се екстрадирани од Косово и се предадени на надлежните судски органи. Нивното испорачување се случило во текот на вчерашниот ден, потврдија од министерството за внатрешни работи (МВР) за Телма. Тие се сместени во затворот во Штип за доиздржување на казната на која беа осудени, каде не се вратија по слободен викенд во 2020 година.

И Красниќи и Рамадани треба да одлежат уште три од вкупно 15 години затвор колку што добија во 2008 година. Беа осудени за повеќе кривични дела, поврзани со киднапирање, насилство, изнуди и нелегално оружје.

Красниќи беше дел од т.н. „кондовска група“ која во 2004 и во 2005 година се поврзуваше со повеќемина осомничени насилници од Косово.

Красниќи беше уапсен во Косово во април оваа година. Во рацете на полицијата падна во Урошевац, заедно со неговиот брат Бесим Красниќи, Фадил Точи и Рамадани.

Красниќи во Косово е осомничен за убиство во обид, а Рамадани и Точи за учество во тепачка. Сите четворица се барани по меѓународна потерница што ја распшиша Македонија.

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“