Утрински Весник
Македонија

Косовец сакал да влезе во земјава со „мерцедес“ украден во Холандија

Косовец сакал да влезе во земјава со „мерцедес“ украден во Холандија

Државјанин на Косово (38) е приведен на граничниот премин „Долно Блаце“, каде дошол со украдено возило.

dobivaj vesti na viber

„При преглед и контрола на возилото ‘мерцедес’ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото било украдено и дека за него имало меѓународна потрага по барање на Интерпол Холандија“, велат од МВР.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ инструментализира уште едно прашање кое самата го остави како заложник!

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Утре протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик