Утрински Весник
Македонија

Коридорот 8 од Македонија ќе направи вистинска крстосница на Балканот

Avtopat Skop E Blace.webp.webp

Колку години е независна Македонија толку години се зборува и за реализација на патната мрежа на Коридорот 8.

Со наследена патна инфраструктура од СФРЈ, Македонија три децении беше приморана да ја следи трансферзалата Север-Југ, односно во најголем дел да се потпира на автопатот Е-75 (Братство-Единство, сега Пријателство)

Но, работите се сменија од пред една година кога турско-американскиот конзорциум Бехтел и Енка го доби повикот да го гради коридорот 8, односно на него да изгради четири автопатски делници.

Станува збор за делниците Тетово – Гостивар, Гостивар-Букојчани (кој ќе треба да се поврзе на автопатот Кичево – Охрид) Требениште – Струга – Ќафасан. 

Проектот треба да се реализира во следните три години, ќе ја чини државата 1,3 милијарди евра со кои граѓаните, економијата ќе добијат 110 километри нови автопати автопати, односно приближно километри колку што се изградени вкупно за време на целиот период на независност.

Сите овие делници природно ќе се поврзат до Скопје, а од Скопје преку Куманово до Крива Паланка и со тоа треба да се заокружи Коридорот 8 кој во суштина е и Паневропски коридор во должина од над 1.300 километри кој го поврзува Јадранското со Црното море.

Со тој коридор, преку мрежа на автопати (а планот е и преку железнички линии) ќе се поврзат пристаништата во Драч, Албанија и во Бургас, Бугарија, со што македонската економија повеќе нема да е зависна единствено од пристаништето во Солун. 

На тој начин, од де јуре, Македонија и де факто ќе стане вистинска крстосница на Балканот, во општествена, културна, но пред се економска смисла. 

И Мицкоски ја смени плочата за Бехтел и Енка

Силни беа реакциите на македонската опозиција, особено на ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на делниците од Коридорот 8.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, раководството пратениците го спореа тендерот, ја спореа сумата, го спореа изведувачот, односно го спореа целиот проект, поддржани од Левица, која на целиот проект му даде и етничка димензија. 

Сепак, во еден од последните јавни настапи, Мицкоски кажа дека ако тие по изборите ја презедат власта  немало да го стопираат како што претходно најавувааа, туку дека ќе го ревидирале, односно ќе се обиделе тој да стане поевтин, иако со постојаниот раст на градежните материјали и на платите, сето тоа е многу тешко изводливо. 

Бехтел и Енка е конзорциум кој градел бројни важни автопатски делници низ земјите од Западен Балкан кои во моментов се едни од најмодерните и најквалитени во Европа. 

Со комплетирање на Коридорот 8, државата конечно ќе биде квалитетно поврзана од исток кон запад што ќе донесе и повеќе шанси за реионална соработка, развој на туристичките центри како Струга и Берово и секако поефикасен транспорт на луѓе и стока со источниот и западниот сосед. 

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд