Утрински Весник
Македонија

Кореја со донација на осум електрични возила за македонското министерство за здравство

Ministerstvo za zdravstvo 1 1.jpg

Осум современи електрични возила беа донирани од Кореја за Министерството за здравство. Со поддршка од Владата преку грант за помош, се обезбедија возила и инсталација на станици за електрично полнење.

 – Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецот очекуваме да пристигнат уште пет возила, со што целосно ќе се реализира донацијата од вкупно осум електрични возила. Оваа значајна поддршка од Република Кореја претставува важен чекор во зајакнување на институционалните капацитети и ќе овозможи поефикасно, поекономично и еколошко функционирање на инспекциските служби, изјави министерот за здравство, Азир Алиу. 

Министерот за здравство, Азир Алиу изрази благодарност до корејската Влада за континуираната соработка и придонесот кон зајакнување на капацитетите во јавниот здравствен систем.

Можете да прочитате

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за „Сејф сити“

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Љутков, тој ги отфрла обвинувањата

Расте бројот на компании задоволни од бизнис-климата во Македонија вели Мицкоски