Утрински Весник
Свет

Коперникус: Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега

20250206074316 Big 730x400 4.webp.webp

Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега, продолжувајќи ја низата екстремни глобални температури и покрај промената на феноменот Ла Ниња за ладење, рекоа научници од Европската унија.

Со просечна температура од 13,23 степени Целзиусови според Коперникус, „јануари 2025 година беше 1,75 степени над прединдустриските нивоа“.


„Фактот дека се уште гледаме рекордни температури надвор од влијанието на Ел Нињо е малку изненадувачки“, вели Саманта Бургес, заменик директор на Коперникус.

Јануари ја продолжи низата на невообичаено топло време, при што во 18 од последните 19 месеци просечната глобална температура е над 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, објави службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус, во својот месечен билтен.

Можете да прочитате

Руте: Членките на НАТО го зголемуваат воениот буџет, поддршката за Украина останува цврста

Португалија воведува родителска согласност за тинејџери на социјални мрежи

Претрес во Европската комисија: Белгиската полиција проверува продажба на имот вреден 900 милиони евра