Утрински Весник
Свет

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД

Grenland 1.webp.webp

Данските трупи распоредени на Гренланд добиле наредба да бидат подготвени за борба во случај на напад од САД врз оваа автономна територија на Данска, јави данскиот јавен сервис ДР.

Според ДР, во воената наредба што Данска ја издала минатата недела е наведено дека војниците на Гренланд треба да бидат опремени со боева муниција.

Јавниот сервис објави дека наредбата опишува „операција во повеќе фази“, која вклучува и можност за подоцнежно испраќање дополнителни војници и воени капацитети. ДР не изнесе детали од плановите, наведува британскиот весник „Гардијан“.

Во меѓувреме, данската премиерка Мете Фредериксен допатува во Нук, на Гренланд, каде што ќе разговара со лидерот на автономната територија, Јенс-Фредерик Нилсен. Се очекува таа да го информира за деталите од разговорите што претходно денеска ги водела со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во обид да се направи понатамошен пробив во контекст на континуираниот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд.

Во јавните настапи во изминатите 48 часа, и Фредериксен и Нилсен повеќепати истакнаа дека територијалниот интегритет и суверенитетот остануваат нивни „црвени линии“ во сите разговори со САД, додавајќи дека се отворени за разговори за зајакнување на безбедноста на арктичкиот регион.

Како што наведува весникот, сè уште не е познато каков договор имал на ум Трамп кога во средата навечер го промени тонот во врска со Гренланд, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Руте, кога на својот профил на мрежата „Трут соушл“ напиша дека е постигната рамковна спогодба за Гренланд и дека нема да воведе царини што претходно ги најави за одделни европски земји.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Лагард: Светскиот поредок се менува, но тоа не значи целосен прекин со постојниот