Утрински Весник
Спорт

Копа Америка: Панама триумфираше над САД

20240628085651 Big 730x400 6.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Панама забележаа сензационална победа од 2-1 над домаќинот Соединетите Американски Држави во нивната пресметка од 2. коло во групата Ц на Копа Америка, додека Уругвај ја совлада Боливија со 5-0.

Панамците направија големо изненадување на дуелот во Атланта на кој САД рано останаа со играч помалку поради исклучувањето на Тим Веа во 18. минута.

Откако Веа беше исклучен, Фоларин Балогун ги доведе Американците во водство со брилијантен удар од 17 метри за водство на домаќините во 22. минута. но радоста кратко траеше бидејќи Цезар Блекман израмни четири минути подоцна.

Хозе Фахардо донесе победа во 83. минута за Панама.

САД се втори во групата, со идентични три бодови како и Панама, но со подобра гол-разлика.

Уругвајските фудбалери синоќа во натпреварот од второто коло од групата Ц на првенството на Јужна Америка ја совладаа Боливија со 5-0 и направија голем чекор кон осминафиналето.

Во првото полувреме стрелци беа Факунда Пелистри (8) и Дарвин Нуњез (21), а во вториот дел победата ја потврдија Максимилијано Араухо (77), Федерико Валверде (81) и Родриго Бентанкур (89).

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи