Утрински Весник
Спорт

Конте нема да го предводи Тотенхем против Вест Хем

Конте нема да го предводи Тотенхем против Вест Хем

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, нема да го предводи тимот во недела против Вест Хем. Конте, по мечот во Лигата на шампионите со Милан, останал со семејството во Италија.

dobivaj vesti na viber

Предводниот на Тотенхем, во Италија, ќе ја продолжи рехабилитацијата по операцијата за отстранување на жолчното кесе, на која беше подложен пред две недели.

Конте го предводеше тимот на Сан Сиро во поразот од Милан (0:1), во првиот дел од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„По рутински постоперативен преглед во среда во Италија, одлучено е Антонио Конте да остане во семејниот дом за целосно да се опорави од операцијата. Здравјето е од најголема важност и сите ние во клубот му посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Во отсуство на Конте, улогата на прв тренер ќе ја преземе неговиот помошник Кристијан Стелини.

Стелини го предводеше тимот пред 11 дена во победата од 1:0 против Манчестер Сити, само четири дена по операцијата на Конте.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила