Утрински Весник
Македонија

Консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа

Deal.webp.webp

Во Офицерскиот дом во Битола денеска ќе се одржи првиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.

Како што е најавено од Министерството за локална самоуправа, настанот ќе го отвори ресорниот министер Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот – проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети.


Исто така, најавено е присуство и на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и на градоначалниците од Југозападен и Полошки регион.

Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, а поддржан од проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЗЕЛС.

Можете да прочитате

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат 

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Бедните 7% за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени