Утрински Весник
Македонија

Консензус за реформски закони или предвремени избори – што ќе донесе лидерската средба?

Klub na pratenici liderska.jpg

Денеска напладне во Клубот на пратеници ќе се одржи лидерска средба на барање на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата учество потврдија сите лидери на партиите кои имаат пратенички групи во Собранието, освен опозициската СДСМ која одби да учествува.

Точките за разговор не се однапред прецизирани, па оттаму може да се очекува дека на „менито“ во Клубот на пратеници ќе се најдат разни теми од интерес.

Реформски закони, техничка влада, можеби и предвремени избори

Како дел од темите за разговор се очекува да бидат реформските закони од правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик, укинување на техничката влада.

Не е исклучено да се најде и темата за една изборна единица (барање на Левица) но и можни евентуални предвремени парламентарни избори.

За последното, извесен период говори опозициската СДСМ која вели дека има сценарио за предвремени избори, а потоа и „мигранти за пари“ нешто што беше експресно демантирано и од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието е блиску до двотретинско мнозинство потребно за реформските закони, но сепак без ДУИ нема Бадентерово мнозинство кое е исто така потребно за усвојување на одредени системски закони.

Еден од нив е и Законот за прекшроци кој се уште не се нашол на дневен ред токму поради несигурноста за Бадентерово мнозинство, а токму тој закон е потребен целосно да профункционира системот „Безбеден град“

Што од сето ова ќе биде тема на разговор и што ќе се одлучи можеби ќе се знае по завршување на средбата од чиј исход ќе зависи дали државата ќе тргне чекор напред во носењето на потребните реформи или се ќе остане „како и до сега“.

Можете да прочитате

Осумдневен притвор за скопјанец кој ја оштетил влезната врата на Бугарската амбасада

Осумдневен притвор за човекот кој ја каменуваше бугарската амбасада

Фехми Стафа останува во притвор – Судот му ја продолжи мерката за уште 30 дена