Утрински Весник
Македонија

Конгрес на СДСМ: Се зголемува бројот на членови на ИО и ЦО

31 kongres sdsm 5.jpeg

Во хотелот Александар Палас во тек е 31. Конгрес на најголемата опозициска партија СДСМ.

Како што дознаваме, поминати се неколку точки од дневниот ред, а дебатата се води конструктивно и демократски.

Една од одлуките донесени на денешниот Конгрес е и зголемување на бројот на членови на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

Согласно новата одлука Извршниот одбор на партијата може да брои најмногу 23 лица (досега тој број беше меѓу 15 и 18) додека нависокиот орган меѓу два конгреса, Централниот одбор се проширува на максимум 150 членови, а согласно последниот Статут тој број беше меѓу 110 и 130 членови.

Конгресот се уште трае, а по негово завршување очекуваме од партијата да излезат со комуникација за донесените одлуки и идни чекори.

Можете да прочитате

86годишна жена од Виница измамена од лажен лекар од Словенија за 30.000 евра

Обид за убиство во Струшко, едно лице тешко рането

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во говорот не објасни зошто СДС е петта партија во Скопје