Утрински Весник
Македонија

Конференција „Следното големо проширување на Европа: Придонес за мирот или предизвик за стабилноста на Европа“

20240126174820 big 730x400 2
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Меѓународна конференција на тема  „Следното големо проширување на Европа: Придонес за мирот или предизвик за стабилноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Паневропската унија на Македонија, а во соработка со Паневропската Унија на Австрија.

Конференцијата е по повод 101 години Паневропско движење во Европа и 30 години од основањето на Паневропската Унија на Македонија.

Од Паневропска Унија на Македонија информираат дека конференцијата има за цел да поттикне сеопфатен дијалог за импликациите од следното големо проширување на Европа, а ќе се осврне на потенцијалните придонеси за мирот и за предизвиците кои се поставуваат за иднината на Европа.

На конференцијата ќе говорат претставници од Меѓународната Паневропска унија, политички експерти и професори, меѓу кои и претседателот на Меѓународна Паневропска Унија, Ален Тереноар, претседателот на Паневропска Унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, професорот на Економски факултет Скопје, Љубомир Кекеновски, како и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Учесниците на конференцијата ќе дебатираат за влијанието на проширувањето на ЕУ врз мирот и стабилноста во Европа, за економските, политичките и социјалните предизвици наметнати од проширувањето на ЕУ- развој на индустријата, енергија, демографија, миграција и за уогата на земјите кандидати во иднината на Европа.

Можете да прочитате

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден