Утрински Весник
Спорт

Конектикат ја освои НЦАА титулата

Конектикат ја освои НЦАА титулата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на Универзитетот Конектикат ја освоија НЦАА титулата. Во финалето, во Хјустон, Конектикат го победија Сан Диего со 76:59.

dobivaj vesti na viber

Конектикат ја освои титулата за најдобар колеџ тим во САД пред 72.423 фанови, со што и официјално заврши познатото „Мартовско лудило“, а ова му беше вкупно петта титула.

Тристен Њутн го предводеше шампионскиот тим со дабл-дабл учинок од 19 поени со 10 скока и четири асистенции.

Тој беше поддржан од Адама Саного, исто така со двоцифрени бројки во две колони, а финалето го заврши со 17 поени и 10 фатени топки, а беше прогласен и за најкорисен играч на завршниот турнир.

За Сан Диего, Кешад Џонсон постигна 14 поени, додека Дерион Тремел и Ламонт Батлер постигнаа по 13 поени.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја