Утрински Весник
Македонија

Комуналците легнаа пред камионите за да не ги пропуштат да го чистат Скопје: Нека не газат!

Комуналците легнаа пред камионите за да не ги пропуштат да го чистат Скопје: Нека не газат!

Директорката на скопска „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, успеа да мобилизира неколку камиони за да собираат смет низ Скопје. Вработените кои протестираат, не дозволија тие да излезат од кругот на претпријатието. Полицијата и раководни лица во претпријатијата се обидоа да ги убедат да се тргнат од портите, но неуспешно.

dobivaj vesti na viber

„Не мрдаме од овде“, „Нека не газат“, „И ние сакаме да живееме“, довикуваа лицата кои седнаа пред капијата.

„Кон нас немате ништо, но мора да се овозможи…“, рече полицаец на вработените, кои пак продолжија да скандираат „Оставка, оставка“, и да довикуваат дека полицијата треба да ги заштити нив, а не раководството на претпријатието.

Полицијата се обиде да ги разубеди, но безуспешно.

„Нека даде оставка, одма се тргаме. До седум сабајле, цело Скопје ќе биде чисто. Кога ќе даде оставка ќе се тргнеме“, довикуваше вработен.

Тие ја обвинија Мазнева дека ги понижува и продолжија со барањето за оставка. Камионите кои добија налози и вработените кои сакаа да работат – не можат да излезат од кругот на претпријатието.

Можете да прочитате

Поставен 25 метарски крст- чувар во Општина Ранковце

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ застана против интересот на земјоделците со одбивањето на нашите амандмани

Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија. Унгарија ја потврди поддршката за справување со пожарите