Од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова брифираат дека е комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница. Претседателка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.
Комисијата е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.
Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.
Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартел.
Професорот на Правниот факултет и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил кон крајот на минатиот месец објави дека Комисијата си поднесува колективна оставка.
-Почитувани, Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи. Со почит, Проф. др Методија Каневчев, Проф. др. Гордан Калајџиев, Проф. др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири, се вели во Фејсбук објавата на професорот Калајџиев.
Сиљановска тогаш помилува десет осуденици.