Утрински Весник
Македонија

Компании добија казни затоа што не ги намалиле цените за училиштен прибор

Priborshkolski.jpg

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник бр.
183/24) односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради
обемната документација и анализа. Констатирани се неправилности кај три правни субјекти по
однос на Одлуката. Еден трговец на големо, голем правен субјект за што се изречени глоби
заради непочитување на Одлуката во вредност од над 452.000 денари и заради неводење на
трговска евиденција во вредност од над 200.000 денари. Казнети се и два трговци на мало
(голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект издадена е глоба во вредност од над
452.000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект изречени се глоби
заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105.000 денари и по Закон за заштита
на потрошувачиуте во вредност од над 76.000 денари.

Надзорите се прават низ цела територија на Северна Македонија. Казните изнесуваат од 800
до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност
со Законот за трговија.

Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените.
Надзорите ќе продолжат и инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката, соопшти Државниот пазарен инспекторат.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер